Можно е Работнички да остане и без стандардниот стопер Драшко Ѓорѓевиќ. Имено на интернационалецот од Србија му истече договорот и со него првично се направени прелиминарни разговори околу идната соработка. Деновиве следуваат нови разговори, и ако нема договор тогаш јасно е дека ќе следува и дефинитивна разделба. Инаку Ѓорѓевиќ моментално е на одмор во својата земја.
Како што веќе и досега информиравме, по завршување на сезоната вкупно на седуммина играчи на Работнички им истекоа договорите.
Како прво на Лука Станковски кој се сели во Монца. Потоа на споменатиот Драшко Ѓорѓевиќ, па на Петар Петковски кој е пред потпис со кипарска Докса. Веројатно ќе се оди и Стефан Јевтоски, исто и на голгетерот Фахрудин Ѓурѓевиќ му истече едногодишниот договор. Тука се и Фисник Зука и Христијан Пецов.
Од друга страна раководството на Работнички е во завршни преговори со неколку квалитетни засилувања. Намерата на клубот е и во следната сезона тимот да поседува квалитет за остварување на целите. Иако се знае дека и во наредниот период акцент ќе биде ставен на младите. Нешто што се покажа како добра пракса кога се работи за клубот од Градски парк.