Македонската каратистка Симона Заборска имаше најдобар настап на Европското првенство за сениори кое се одржа во Пореч, Хрватска.
Заборска го седмото место во своја конкуренција, откако беше нереќно поразена на само две секунди пред крајот на борбата со Јелена Максимовиќ од Црна Гора. Со тоа таа загуби шанса да се бори за бронзен медал. Претходно Симона забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева.
Нашиот најголем адут за медал Емил Павлов загуби од Павле Дујаковиќ (БиХ), а Сара Радичевска од Азербејџаката Нурана Алијева. Давид Петков е поразен од Грузиецот Лука Хведилијани, додека машкиот ката тим не помина во вториот круг.
Машкиот и женскиот тим во борби беа поразени од силните екипи на Шпанија во машка и Италија во женска конкуренција. Ако некоја од овие две репрезентации се пласира во финалето, тогаш нашите репрезентативни тимови ќе добијат шанса во репасажот.
фото: karateporec2021.com