Кипар беше само загревање: Македонија почна со победа во Сребрената лига

303

Македонската одбојкарска репрезентација запиша убедлива победа над Кипар на денешниот меч што се одигра во рамките на Сребрената лига во Струмица. Македонија славеше со 3-0 или по сетови 25-21, 25-21 и 21-19.

Најдобар кај поентерите беше Никола Ѓорѓиев со 19 поени, Љафтов додаде 12, Милев имаше седум, Николов заврши со пет, Манџуков запиша четири, два имаше Ѓорѓи Ѓорѓиев и еден поен Савовски. Кај Кипар, единствен играч со двоцифрен учинок беше Сиапанис со 17 поени.

Во првиот меч одигран денеска, селекцијата на Данска во пет сета славеше над Израел со 3:2 (21-25, 26-24, 17-25, 26-24, 15-12). Израелците двапати водеа, но Данска имаше одличен финиш и во петтиот сет успеа да направи серија која ги доведе до стартна победа.

Во второто коло кое е на програмата утре, Данска и Кипар ќе играат од 17 часот, додека Македонија од 20 часот се среќава со Израел.
ПретходноАргентина го „суспендира“ фудбалот, „виси“ одржувањето на Копа Америка!
СледноKлоп: Нема да ги следиме другите натпревари освен ако Лестер не води со 5-6 гола