КОНМЕБОЛ и ја одзема на Колумбија организацијата на Копа Америка 2021

253

Аргентина самостојно ќе биде домаќин на шампионатот на Јужна Америка, откако денеска КОНМЕБОЛ ја одзема ко-организацијата на Колумбија.

Колумбијците ја загубија Копа Америка поради насилните протести што траат со денови. Оваа одлука е донесена поради политичката ситуација во Колумбија, каде со денови се одржуваат насилни протести против претседателот Иван Дуке Маркез.

Неколку часа претходно, колумбиските власти побараа одложување на Копа Америка, но фудбалското раководство на Јужна Америка донесе одлука само Аргентина да биде домаќин на турнирот. Богота

Предвидено е Копа Америка да започне на 13 јуни и ќе трае до 10 јули.

ПретходноХанси Флик официјално ќе ја преземе Германија после ЕП
СледноПрволигашот од БИХ ја напушта лигата