Мегваер е под знак прашалник за финалето во ЛЕ

152

Хери Мегваер е повреден и сеуште не се знае дали старниот стопер на тимот на Манчестер Јунајтед ќе може во вторник да настапи на финалето од Лигата на Европа против екипата на Виљареал. Тоа го потврди и самиот Оле Гунар Солскјер во изјава пред мечот против Вулверхемптон кој се игра в недела.
„Тој прави чекори со ногата, но има голема разлика од одење, и трчање. Ќе ја следиме неговата ситуација, и ќе чекаме до последно. Доколку се опорави на време ќе настапи но нема да ризикуваме“ – изјави Солсјкер.

Дефинитивно Ентони Марсијал е во „аут“ за мечот против Виљареал, а можно опоравување се очекува за Скот Мектоминеј односно Фред.

 

ПретходноНуно Еспирито Санто ги напушта Волфси
СледноЛазаров и Нант ќе играат пред празни трибини