Милевски: Не бев задоволен од Турција, верувам дека посериозно ќе ја сфатат задачата!

493

Благоја Милевски селекторот на македонската репрезентација до 21 година излезе со списокот за контролниот дуел против Словенија, кој е закажан за 3. јуни. Предводникот на младите надежи собирот кој е закажан од 26. до 29. овој месец ќе го подели во два дела, а причината се тест дуелите во Турција.

„Овој собир ќе биде поделен во два дела. Од 26. до 29. мај дел од повиканите фудбалери ќе бидат вклучени во селективната фаза од подготовките, а главниот дел ќе го одработиме до контролниот натпревар против Словенија на 3. јуни во Терме Чатеш. Се одлучивме на овој чекор од причина што дел од фудбалерите кои беа со репрезентацијата на собирот и тест мечевите во Турција не покажаа доволен квалитет, посебно во одбраната и затоа сме принудени да бараме поинакви решенија.

Според планираното во Словенија ќе патуваат најмногу 24 фудбалери. Во оваа репрезентација веќе ги имаме фудбалерите (16-ет до 18-ет фудбалери) кои го прават костурот на селекцијата, а јас се надевам дека после овој собир ќе ја имаме целината која ќе не води низ следниот квалификациски циклус. Ова е последниот филтер и верувам дека сите сериозно ќе ја разберат својата задача“, изјави Милевски. 

ПретходноБлагоја Милевски го објави списокот за Словенија
СледноВардар не ги исполни неговите очекувања, си оди по една сезона!