Пелистер не дозволи изненадување во четвртфиналето на плеј-офот и на втората средба против Академија ФМП дојде до победа и се пласира во полуфиналето каде за противник ќе го имаат подобриот од МЗТ Скопје и Куманово.
Битолчани дуелот го решија во едно полувреме поведоа со 21-41. На другата страна кошаркарите на домашниот тим беа немоќни, немаа одговор за силниот противник. На крајот беа совладани со убедливи 45-87.
Силаџи со 14 и Калахан со 13 ги предводеа битолчани, Димитриоски кај домаќинот имаше 10 поени.
Елиминацијата не треба да биде разочарување за Академија ФМП, оваа сезона беше добра за нив.