Пипо Инзаги и Буфон во новиот клуб на Лука Станковски?

720

Веќе одамна е познато дека нашиот голем талент, играчот за врска на Работнички, Лука Станковски за кусо време треба да се јави во Монца, во неговиот нов клуб. Лоша вест е што тимот на Берлускони и Галијани не се пласира во Серија А, но добра вест е што Лука таку веројатно ќе го чекаат Џиџи Буфон и Пипо Инзаги. Првиот како голман, кој никако да ја заврши својата долга и успешна кариера, додека вториот како тренер, кој има намера да си даде оставка во Беневенто и да ја прифати понудата на Галијани и да седне на тренерската клупа на местото на Броки.

Монца веќе испратила понуда и до Буфон.

Да потсетиме дека во Монца, од познатите фудбалери тука се Балотели, Боатенг…

Јасно е дека Лука ќе има добро друштво, ќе има што да покаже меѓу сите тие фудбалски легенди.

ПретходноВардар не ги исполни неговите очекувања, си оди по една сезона!
СледноАко постои утеха – тогаш е овој потег на Манасков (ВИДЕО)