ПЛЕЈ-ОФ: Можно ли е најбрзо четвртфинале?

300

Денеска на програмата е нова рунда од четвртфиналето во плеј-офот во македонскиот кошаркарски шампионат. На програмат се четири меча, во овој дел од сезоната сите мечеви се играат во ист ден, што пак е позитивна работа.

Пелистер, Работнички, МЗТ Скопје и Еуро Никел поведоа со серијата подобра во три меча, денеска истите на гостински терен можат да ја завршат задачата наречена – полуфинале.

Секако нема да биде лесно, пред себе имаат сериозни противници, кои допрва има што да кажат, сигурно нема да дозволат патниците за полуфиналето да бидат решени по само два меча.

Први на терен ќе истрчаат Гостива и Еуро Никел, мечот е закажан со почеток во 17 часот. Кавадарчани во последните два меча доминираа против избраниците на Александар Јончевски. И во Купот на Македонија, и во првата четвртфинална средба лесно ја остварија победата. На ред се кошаркарите на Гостивар, треба да покажат дека имаат тим за поголеми цели.

Половина час по овој натпревар Академија ФМП го пречекува Пелистер, битолчани се фаворит, но скопскиот состав знае како со големите.

Во 19 часот има две средби, ТФТ – Работнички и Куманово – МЗТ Скопје. Ова се мечеви кои имаат што да понудат.

ПретходноПознат составот за ЕП: Каква Португалија, страшна Португалија!
СледноЃорѓиев: Наша обврска е да играме максимално