Диме Тасовски одлучи да стави крај на својата богата кариера. Некогашниот македонски репрезентативец ги закачи патиките, во пензија заминува како играч на Гостивар.
Тасовски зад себе има 23-годишна кошаркарска приказна која почна да ја пишува како играч на Жито Вардар во 1998 година.
40-годишниот кошаркар настапуваше за екипите на Вардар, Работнички, Фени Индустри, Карпош Соколи, Лирија, Струмица и Гостивар од домашните екипи. Тасовски играше и во странство, ги носеше дресовите на Трепча и Политехника.
Во македонското првенство освои пет титули, еден Куп пехар и еднаш беше победник во Супер Купот. Тасовски во својата колекција има и две МВП признанија.
Настапуваше во дресот на македонската репрезентација, беше во служба на својата земја и во периодот кога Македонија се бореше да излезе од дното.