Кирил Лазаров со Нант заверија билет за фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Веспрем ја одбранија позитивата од четири гола од првата четвртфинална пресметка.
Овој голем успех за францускиот тим, кој по вторпат во својата историја се најде меѓу четирите најдобри екипи, беше повод првиот човек на клубот да сподели одлична вест. Лазаров во Скопје откри дека ќе игра уште една година и тоа во дресот на Нант, а сега оваа информација на најубав можен начин ја потврди Пелетие.
„Чести ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година во Нант, изјави првиот човек на Нант.
Кире покрај сите рекорди синоќа стана светски уникат, тој е првиот селектор кој ќе игра на една завршница.