Прволигашот од БИХ ја напушта лигата

533

На две кола до крајот на шампионатот, екипата на Олимпик од Сараево официјално објави дека нема да го доигра истиот и дека го напушта.

Шампионатот на Босна и Херцеговина има уште две кола до крајот, а Олимпик е последен на табелата со 25. бода. Незадоволни од арбитражата особено на последниот меч против тимот на Радник, управата и игачите едногласно се одлучиле за наупуштање.

„Причини за ваков развој на настаните има многу. Едноставно тешко е да се добројат. Судиските лакрдии, делење картони, судење во корист на другите, пенали, и што ли уште не се само дел. Мафијата која раководи со федерацијата, делење на клубовите по национален клуч. Поради се ова Олимпик се реши повеќе да не бидел дел од првата лига„ – стои меѓудругото во соопштението на клубот.

 

ПретходноКОНМЕБОЛ и ја одзема на Колумбија организацијата на Копа Америка 2021
СледноДепај: Имам понуди од многу клубови, да и од Барселона