Раниери потврди: Си одам од Сампдорија, нема услови за останување

256

Клаудио Раниери најави дека нема да продолжи со работа во Сампдорија и следната сезона. Во изјава за италијанските медиуми, стратегот само посочи: „Нема соодветни услови за останување“.

Како што пишуваат медиумите, Раниери му рекол на тимот дека ќе го напушти по завршувањето на сезоната, а сега и самиот стратег потврди дека саботниот натпревар против Парма е неговиот последен натпревар на чело на Самп.

„Јас веќе му кажав на тимот дека нема да останам уште една година”, изјави тој за официјалната веб-страница на клубот. „Нема соодветни услови за останување. Сакам да ги поздравам и да им се заблагодарам на навивачите. Се надевам дека им се допадна како го водев клубот“.

Поранешниот тренер на Лестер Сити помина една и пол сезона во Сампдорија, обезбедувајќи место во „златната средина“ на Серија А оваа сезона.

ПретходноОфицијален тренинг на Порше Карера во Имола: Почнува сезоната за Рико Вуков!
СледноИОК не отстапува: Олимпијадата ќе се одржи и во случај на вонредна состојба