Само Вардар, Пелистер и Беласица не добиле лиценци за настап во Европа!

851

Иако е веќе јасно кој ќе игра во Европа, а кој ќе испадне, денеска официјално од ФФМ информираат за одлуките на Комисијата за лиценцирање околу тоа на кои клубови им се издава лиценца за настап во Европа.

Па така Вардар, Пелистер и Беласица не ја добија потребната лиценца. Борец предвреме се откажал од процесот на лиценцирање, додека на А. Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ им е дадена потребната лиценца. Да потсетиме дека последните четири екипи на овој список ќе ја претставуваа Македонија на фудбалската сцена на Европа за сезоната 2021/2022.

ПретходноКаратистите просечни на ЕП во Пореч, Заборска со најдобар пласман
СледноФудбалерите и стручниот штаб на Брегалница од вчера на едномесечен одмор!