ФИФА гласаше „за“ Мундијал на две години

260

Со 166 гласови за од 188 членки на ФИФА, одобрена е студијата која што ќе треба да собере доволно податоци во периодот кој следува дали Светските фудбалски првенства би можеле да се играат на две години, а не како досега на секој четири.

Предлого на Саудиска Арабија, беше прифатен од огромен број на членки на ФИФА, и ќе треба во иднина оваа идеја сериозно да се разработи.

Со оглед на фактот што ФИФА како институција од екој Мундијал заработува околу 6 милијарди долари, оваа идеја и тоа како ќе биде земена во предвид, а претседателот на ФИФА Џани Инфантино веќе направи некои измени за Мундијалот во 2026 година.

 

ПретходноПелистер фуриозно до 2-0, Академија ФМП без шанса
СледноСамараџиев: Горд до небо на овие момци