Шкендија само да го мине стартното коло во квалификациите во ЛШ ќе заработи околу 2.000.000 евра!

3463

 

Секако за нашите клубови најинтересно е тоа колку ќе заработат во Европа. Впрочем и за тоа се игра фудбал, за да се заработат добри, сериозни пари. Откако беше објавено колку ќе се заработи во Конференциската лига, тоа како малку да ги поткрена “духовите“ во мак – фудбалот. Имено за учество се добива 150.000 евра, за пласман во 2.квалификациско коло сумата е 350.000, во третото 550.000 евра а во плеј- офот пак 750.000 евра. Шкупи, Силекс и Струга ТЛ со минување на едно коло заработуваат најмалку 500.000 евра, сума што не е мала, напротив.

Шкендија пак, која ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите може да заработи многу, многу пари за наши услови.

Нивната заработка е најмалку 900.000 евра. И тоа 550.000 евра за учество во првото квалификациско коло во ЛШ, а ако биде елиминирана тука тогаш ќе игра во 2.квалификациско коло во Конференциската лига каде ја чекаат уште 350.000 евра. Ете ја таа сума од 900.000.

Интересно, но и добро за Шкендија. Ако тетовци го минат стартното коло во ЛШ, а имаат реални шанси за тоа со оглед дека се носители, тогаш може да дојдат до ептен сериозни пари.

Значи Шкендија само треба да го мине стартното коло во ЛШ а потоа ништо да не победи, ќе добие околу 2.000.000 евра.

Како? Патот е следниот. За учество во ЛШ добива 550.000 евра, потоа добива пари за 2.квалификациско коло во ЛШ. Ако испадне тука ќе игра во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, и тука да испадне ќе игра во плеј – офот во Конференциската лига, а само тука добива 750.000 евра.

Значи нашиот шампион само треба да го мине првото квалификациско коло во ЛШ,  и ќе обезбеди околу 2.000.000 евра.

Па после фудбалот не бил бизнис, и не можело да се заработи.

ПретходноСамараџиев: Горд до небо на овие момци
СледноНишто чудно, Азар повторно е повреден