Екипата на Шкупи стартуваше со реконструкција на тимот за време на паузата помеѓу двата шампионата, а истата го зафати и интернационалецот од Мозамбик, Региналдо.
Тој сезонава настапи на 14 мечеви за тимот од Чаир, постигна два гола, додаде и две асистенции но тоа секако беше премалку од играч кој што беше скапо платен и требаше да биде сериозно засилување. Тренерот Гоце Седлоски одлучи дека Региналдо повеќе не е потребен и дека ќе се бара адекватна замена.