IN MEMORIAM: Почина Војислав Зивчевиќ – Тумба (1961-2021)

935

Синоќа ненадејно во 60-тата година (1961) од животот почина еден од најистакнатите македонски кошаркари Војислав Зивчевиќ – Тумба.

Популарниот Тумба својата кариера ја градеше во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, тим со кој како еден од предводниците во сезоната 1986-87, за прв пат го однесе тимот од Аеродром во тогашната Прва југословенска сојузна лига.

Со своите игри и пред се борбеност Зивчевиќ се избори и за место во тогашниот Б тим на репрезентаијата на СФРЈ. Покрај сино-белиот дрес на МЗТ Скопје, Војислав Зивчевиќ настапуваше и за најтрофејниот македонски клуб Работнички, од каде мина во редовите на Вардар, кочански Деликатес за кој настапи три сезони. Тој со Никол Ферт освои единствената шампионска титула и во овој тим ја заврши својата кариера.

Популарниот Тумба во кошаркарските кругови ќе остане запаметен како вреден, упорен и борбен играч, кој им пркосеше на сите противници, па дури и најголемите ѕвезди во тогашна Југославија.

Секогаш ведар, насмеан и расположен за кошаркарски муабети, последните неколку години од својот живот ги мина посветен на својот внук Тео во кого гледаше уште еден наследник во кошаркарската лоза Зивчевиќ, покрај својот син и ќерка Ненад и Ивана.

Сочувство до семејството!

ПретходноЛионел Меси конечно ќе го прекине молкот
СледноСупер најава од Лондон: Финалето на ЕУРО пред 90.000 гледачи?