Kлоп: Нема да ги следиме другите натпревари освен ако Лестер не води со 5-6 гола

503

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп ги сподели очекувањата пред последниот меч оваа сезона против Кристал Палас на „Енфилд“ пред 10.000 гледачи. „Црвените“ мора да победат за да го сочуваат местото во топ4 и пак да играат во ЛШ. Германецот изјави дека очекува тврд меч со Палас кој воедно е и последен за менаџерот на гостинската екипа Рој Хоџсон.

Го почитувам Кристал Палас. Сигурен сум дека играчите ќе дадат се од себе на последниот меч на Рој Хоџсон. Нема да ги следиме резултатите од другите натпревари затоа што се е во наши раце, освен ако Лестер не води со 4 или 5 гола, а кај нас резултатот да е 0:0. Планот е да одиграме врвен фудбал и да победиме. Резултатот од првиот меч (7:0 за Ливерпул на „Селхурст парк“) нема никакво значење. Тоа нема да се случи повторно. Вратата ни е малку отворена, ние треба да поминеме низ неа“, изјави Клоп.

Ливерпул е на делба на четвртото место со Лестер, но „Црвените“ имаат подобра гол-разлика.

FOTO> liverpoolfc.com

ПретходноКипар беше само загревање: Македонија почна со победа во Сребрената лига
СледноГо напушти Баерн и веднаш потпиша за Гремио