Македонскиот интернационалец Агим Ибраими повторно се најде во листата на стрелците овојпат за негова жал во поразот на Кукс на гостувањето кај Скендербеу.
Домашните рано поведоа со 2:0, а Ибраими успеа во вториот дел од мечот односно во 68. минута да намали на 2:1.
За Ибраими ова е гол број 14. оваа сезона, и со тоа застана само на погодок помалку од првиот стрелец во лигата инаку негов соиграч Нигерискиот интернационалец Фрајдеј кој има постигнато 15 гола.
За домашната екипа пак настапи голманот Беким Реџепи кој во последно време е стандарден на голот на Скендербеу.