ФОТО: ЕХФ
Дејан Мансков и неговиот Веспрем и натаму ќе ја чекаат шампионската титула во Лигата на шампионите. Унгарскиот првак оваа сезона не успеа да се пласира во најдобрите четири екипи кои на Ф4 во Келн ќе се борат на европскиот трон. Синоќа беа елиминирани од Нант и тоа пред полни трибини во Веспрем Арена.
Манасков средбата ја заврши со два гола, еден од нив е вистинско ремек дело. Од десетина метри како бек во контра се обиде на нецели три минути до крајот да го врати својот тим на чекор до посакуваната цел.
Ако постои утеха, тогаш тоа е овој погодок.