Барди и Леванте освоија бод против Кадиз

243

Енис Барди беше дел од ремито 2:2 на Леванте во дуелот со Кадиз на „Сиутад де Валенсија“ во 38. коло на Ла Лига. „Лилјаците“ очекуваа три бода од овој дуел, но наидоа на цврст и незгоден ривал кој направи пресврт по водството кое го донесе Роџер во 8 минута. За Кадиз погодија Негредо и Акапо па на полувреме имаа предност.

Во вториот дел Мелеро даде гол за 2:2 и бод за Леванте. Барди беше на теренот до 67. минута и потоа беше заменет со Моралес. Тоа е последниот меч за овие два тима сезонава и двата остануваат во Ла Лига. Леванте завршува со само девет победи, а на последните 10 меча во првенството има само еден триумф.

ПретходноПо 23 години Диме Тасовски ги закачи патиките
СледноАгуеро е нов играч на Барса, договорoт е до јуни 2023 година