Барселона го пушти Меси!

830

Лео Меси ја напушти Барселона и замина, засега, само на одмор. Имено како што пишуваат шпанските медиуми тој денеска нема да биде на тренинг со своите соиграчи во пресрет на мечот со Еибар во рамките на последното коло во Ла Лига. Со оглед на тоа дека овој натпревар нема никакво резултатско значење за аргентинскиот генијалец, стручниот штаб на Барса реши нешто порано од очекуваното да го ослободи од обврските својот најдобар играч.

Инаку деновиве комечно треба да се разреши сагата наречена “Лео Меси“. Дали тој останува или си оди, и ако се оди, каде ќе ја продолжи својата кариера.

Се говори дека сега најблиску е до ПСЖ, наводно таму семејството барало од него да се пресели.

Претседателот на Барса, Хоан Лапорта вели дека клубот ќе побара од Меси тој да остане.

Речиси цел спортски, пред се фудбалски, свет, ја очекува одлуката на најдобриот фудбалер во светот.

ПретходноЃорѓиев: Наша обврска е да играме максимално
СледноКаратистите просечни на ЕП во Пореч, Заборска со најдобар пласман