Се чини дека на Герет Бејл, репрезентативецот на Велс и членот на Реал Мадрид кој минатата пролет како позајмен играч играше во Тотенхем, му здодеа фудбалот. Па така тој има намера да ја заврши својата кариера.
Звучи неверојатно, но според пишувањето на медиумите во Шпанија ова е можно.
Имено некогаш еден од најдобрите светски фудбалери, според договорот тој ова лето треба да се врати во Реал Мадрид. Извесно е заминувањето на Зинедин Зидан, па така Велшанецот би можел да се избори за стартниот состав без проболем, ако се знае дека имаше голема нетрпеливост на реалација Зидан – Бејл.
Од друга страна се наведува дека Бејл има сосема друг план. Имено тој ќе дојде во Мадрид, ќе ја земе отштетата од “кралевите“ за последната година од договорот и ќе оди во пензија. И онака заработи доста пари.
Сакал да ужива, да биде со семејството, да игра голф. Му здодеало да игра фудбал.
Само прашање е што на ова ќе каже Флорентино Перез.