Депај: Имам понуди од многу клубови, да и од Барселона

152

Мемфис Депај на голема врата се враќа во врвот на светскиот фудбал. По неуспешната епизода во Манчестер Јунајтед, замина во Лион, одигра есктра и сега може да бира каде да продолжи. Самиот вели дека цел му се водечките клубови од најдобрите лиги.

„Сакам да одам во еден од двата или трите водечки клуба во една од најдобрите пет лиги, но сè уште не знам точно каде ќе биде тоа. Да ги имав овие статистики во ПСЖ, кои ги имам во Лион , цела Европа ќе беше свесна за тоа. Истото би било и за Манчестер Јунајтед. Морам да покажам дека можам да го постигнам тоа во еден од првите три или четири клуба во Европа. Сакам да ги покажам моите квалитети во еден од најголемите клубови во една од најголемите лиги, подготвен сум за овој чекор. Барселона покажа интерес за мене, но и другите тимови, така што сè уште не е решено. Нема да брзам, сакам да го направам најдобриот можен избор “, рече 27-годишниот играч.

ПретходноПрволигашот од БИХ ја напушта лигата
СледноНуно Еспирито Санто ги напушта Волфси