Аргентина самостојно ќе биде домаќин на шампионатот на Јужна Америка, откако денеска КОНМЕБОЛ ја одзема ко-организацијата на Колумбија.
Колумбијците ја загубија Копа Америка поради насилните протести што траат со денови. Оваа одлука е донесена поради политичката ситуација во Колумбија, каде со денови се одржуваат насилни протести против претседателот Иван Дуке Маркез.
Неколку часа претходно, колумбиските власти побараа одложување на Копа Америка, но фудбалското раководство на Јужна Америка донесе одлука само Аргентина да биде домаќин на турнирот. Богота
Предвидено е Копа Америка да започне на 13 јуни и ќе трае до 10 јули.