Лионел Меси конечно ќе го прекине молкот

381

Веќе пет месеци Лионел Меси го нема во јавноста со официјална изјава. Многумина пишуваа за негово заминување од Барселона, но сепак остана во каталонскиот гигант.

На шпекулациите никогаш им нема крај. Еден од најдобрите фудбалери во светот на истите ќе им стави крај во сабота закога е најавено ексклузино интервју со „Оле“.

Договорот на Меси истекува на 30. јуни, а многумина сметаат дека токму на најавениот за аргентинскиот медиум ќе открие многу „тајни“ околку неговата иднина.

Тој пред оваа сезона размислуваше да си замине, но сепак остана, а ако се одлучи на таков потег, Барселона ќе ја напушти како слободен играч. Но, многумина сметаат дека Лапорта може да го убеди Меси. Преговорите веќе почнале, понудата е на маса, се чека да заврши сезоната.

Аргентинскиот фуаблер се согласи на значително помали примиња, но сака Барса да има достоен тим за Лига на шампиони. Лапорта му нуди помала плата за 50% до 2023 година, но ќе добие нов тригодишен договор до 2026 година, со кој ќе биде амбасадор на тимот во САД, место каде што ѕвездата сака да ја заврши својата кариера.

На овој начин првиот човек на каталонскиот гигант е подготвен да ги исполни ветувањата на Меси, да ја освои ЛШ во следните две сезони, а потоа да замине во МЛС лигата.

ПСЖ и Манчестер Сити се двата тима кои му нудеа неверојатно големи цифри на Меси, но неговиот татко, кој ја врши менаџерската функција, стопираше се, предност им даде на челниците на шпанскиот тим.

ФОТО: Барселона/Твитер

ПретходноГерет Бејл ја завршува кариерата?
СледноIN MEMORIAM: Почина Војислав Зивчевиќ – Тумба (1961-2021)