Македонија нема ни да напредне ни да падне на ранкинг листата на ФИФА, значи останува на 62-то место, како што беше и за минатиот април месец. Проекциите велат дека нашата најдобра фудбалска репрезентација во четврток, на 27 мај кога ќе биде објавена најновата ранг листа на ФИФА, ќе се најде на 62-то место. Сосема очекувано ако се знае дека во изминатиот период, по мартовскиот циклус кога против Романија, Лихтенштајн и Германија во квалификациите за СП во Катар 2022 година освоивме шест бода, немаше репрезентативни обврски за селекциите.
Тоа значи дека Македонија својот настап на ЕУРО (11 јуни – 11 јули) ќе го има како 62 сила во светот.