Манчестер Сити и капитенот се договориле за нова соработка

230

Капитенот на Манчестер Сити, Фернандињо ќе продолжи да игра за клубот и следната сезона. И покрај шпекулациите дека тој ќе замине ова лето, откако ќе му заврши договорот со новиот англиски шампион, сепак, двете страни се договориле за нова соработка.

„Тајмс“ пишува дека Сити и Фернандињо се согласиле да го продолжат договорот за уште една година. Забележано е дека „граѓаните“ се задоволни од лидерските квалитети на 36-годишниот играч и тој треба да биде капитен и лидер на тимот и следната сезона.

Бразилецот игра во Манчестер Сити од 2013 година.

ПретходноЛевандовски: Се обидував цел натпревар, но ми успеа на самиот крај (ВИДЕО)
СледноИвановски урна национален рекорд стар четири децении