Пандев одигра 57. минути, Џенова со победа ја заврши сезоната (видео)

216

Foto: Twitter/Genoa

Џенова славеше на гостувањето на Сардинија против Каљари со 1:0 во последното 38. коло од Серија А. Стрелец на голот е узбекистанскиот напаѓач Елдор Шомуродов во 15. минута. Македонскиот великан Горан Пандев играше до 57. минута кога беше заменет од Миха Зајц. Тоа можеби се последните минути за капитенот во клупската кариера.

Парма со убедлив пораз од 3:0 на гости кај Сампдорија се збогува од елитата. „Морнарите“ славеа со головите на Кваљарела, Којли и Габијадини.

Во третиот денешен меч Кротоне и Фиорентина одиграа без голови. Кротоне заедно со Парма и Беневенто ја напуштаат најсилната италијанска лига.
Утре ќе биде разврската околу учесниците во европските купови.

ПретходноСтруга ТЛ и Захариевски ја продолжија соработката
СледноМилосављев и Фуксе Берлин среде Манхајм заверија финале