Пандев: После ЕП ќе одлучам дали ќе играм уште!

442

На денот кога пред 11 години со Интер ја покори Европа, Горан Пандев во емисијата “Стадион“ на Канал 77, кажа неколку интересни работи поврзани за својата кариера, репрезентацита и се разбира за тоа што тој и неговите соиграчи ги чека на ЕП од 11 јуни до 11 јули.

“Искрено се уште сум во дилема дали да продолжам со својата играчка кариера, сега полнам 38 години, ќе видиме. После завршување на претстојното ЕП ќе одлучам дали ќе играм фудбал уште или ќе ставам крај на кариерата“ истакна нашиот најдобар фудбалер.

Пандев не криеше дека е горд што тој и неговите соиграчи од репрезентацијата ќе настапат на едно така големо натпреварување, за првпат во историјата на Македонија.

“Со пласманот на Европското првенство  исполнет е сонот на секој Македонец. Нашите натпревари треба да бидат празник за навивачите и екстра мотив за играчите“, рече покрај другото нашиот фудбалски генијалец.

ПретходноШкупи и официјално го врати Зука на Чаир!
СледноМакедонија вечерва против Израел: Без калкулации, сакаме нова победа