Поранешниот тренер на Шкендија седнува на клупата на Левски Софија!

512

Бруно Акраповиќ, некогашниот тренер на Шкендија, најверојатно е изборот за нов шеф на стручниот штаб на најголемиот бугарски клуб, Левски Софија.

Босанскиот стратег во 2016 со Шкендија го освои Купот на Македонија, играше и во плеј-офот во Лигата на Европа, за да потоа се пресели во Бугарија. Прво успешно работеше во Локо Пловдив, освои и два пехари во Националниот Куп, за да потоа се пресели во ЦСКА Софија, но таму издржа само неколку месеци минатата есен.

Сега се чини, после “армејците“, на ред е вториот бугарски гигант, “синиот“ Левски Софија.

Пред неколку месеци неговото име се врзуваше и со Динамо Загреб.

ПретходноВардар на рехабилитација со Бутел, Металург може најмногу да „ќари“
СледноМијатовиќ му порача на Азар: Да не заборави дека го плаќа Реал