Македонскиот репрезентативец и интернационалец Висар Муслиу денеска се ожени. Откако ги заврши клупските обврски, а пред да му започнат оние репрезентативните, Муслиу се реши да ја направии оваа година уште по посебна за него.
Се ожени со неговата сакана Валбона, во церемонија на која присуствуваа секако неговото семејство и најблиските пријатели.
На Висар и на неговата избраничка им посакуваме среќен брак, и нека оваа година за него биде уште посреќна со успех на Европскиот шампионат со репрезентацијата на Македонија.