Она што се најавуваше и се официјализира. Фисник Зука, досегашниот лев бек на Работнички, од денеска е фудбалер на Шкупи, тој по три години се врати на Чаир.
Зука е и првото ново име во таборот на нашиот вицешампион.
Да потсетиме дека Зука од 2014 до 2018 играше за чаирчани, потоа кариерата го однесе во Албанија, па во Ренова, Работнички, и сега одново е во својот Шкупи.
“Задоволството е големо што се вратив во Шкупи. Без разлика што играв за други клубови, јас со радост го следев растот на овој клуб во последно време. Слушнав многу убави работи за стручниот штаб, со кого верувам дека во следната сезона ќе ги оствариме желбите на нашите фанови“ изјави Зука на денешната промоција.