Напаѓачот на Монца, Марио Балотели ќе мора да си замине од италијанскиот второлигаш по неуспешната сезона за клубот и неуспехот во трката за место во италијанската елита.
Според италијанските медиуми, Балотели ќе го смени клубот ова лето. Опцијата за продолжување на договорот на 30-годишниот фудбалер нема да биде активирана, бидејќи Монца не беше се квалификува во Серија А. Италијанецот ќе стане слободен агент.
На 14 натпревари оваа сезона во Серија Б, Балотели постигна 6 погодоци.