Бутел добро го намачи Вардар, шампионот го реши мечот во последните пет минути

206

По поразот од екипата на Еурофарм Пелистер во Битола, ракометарите на Вардар одиграа уште еден просечен меч од домашното првенство и тесно го победија Бутел во скопската пресметка од 11. коло на плеј-оф делот од Суперлигата. Бутел одигра солидно и до 10-тина минути пред крајот го држеше мечот во Егал, но Вардар на крајот се одлепи и славеше со 26-22.

Бутелчани му дадоа голем отпор на шампионот, и до самиот крај на мечот го држеа во потполна рамноправност. Во првиот дел Бутел успеа да поведе со 1-3, но Вардар брзо се врати во игра и успеа да одржува гол-редност до пред самиот крај на полувремето. Бутел со два гола победе со 9-10, но до крајот на полувремето Вардар успеа да избори егал – 11-11.

Ништо поразлично не беше и во вториот дел. Бутел успеваше да се одржи во ритам се до последните минути од мечот. На средина на вториот дел во 45. минута беше 18-18, а Вардар се одлепи на два гола во 21 минута кога поведе со 22-20, а потоа на 2 минути пред крајот разликата се зголеми на плус 4, (25-21), што практично значеше и комплетно скршен отпор на градскиот ривал.

фото: РК Вардар1961

ПретходноФановите разочарани: Ова се новите дресови на Барса за ЛШ следната сезона!
СледноМеси: Понекогаш е тешко да си Меси!