Голден стејт после драма остана без плеј-оф, Кари не можеше сам (ВИДЕО)

218

Екипата на Мемфис обезбеди место во доигрувањето, откако на гостински терен го совлада Голден Стејт со 117-112 по продолжение.

Гостинските кошаркари на почетокот на второто полувреме имаа плус 15, на три минути до крајот водеа со девет поени разлика. Вориорс на 33 секунди до крајот изедначија, но во последниот напад промашија шут за победа (99-99), па мечот замина во породолжение. Таму Мемфис беше многу подобар.

Вориорс ги предводеше Стеф Кари, кој мечот го заврши со 39 поени, 13/28 од поле, четири скока и пет асистенции. Грин пак имаше трипл-дабл од 11 поени, 16 скока и 10 асистенции. Во редовите на победникот, Морант имаше 35 поени.

Мемфис во годишеното издание на плеј-офот ќе игра против Јута Џез.

ПретходноЃорѓиев: Беше потешко од очекувањта, но целта е јасна – три победи
СледноРоналдо е воодушевен од потегот на Манчестер Јунајтед!