По шокантната елиминација во Лигата на шампионите, на Веспрем му остана целосно да се сврти кон домашните обврски каде доминира и оваа сезона. Будакалаш беше тимот кој настрада, Дејан Манасков и неговите соиграчи немаа милост, на гостински терен славеа со убедливи 27-38. Ова беше меч кој го решија во првото полувреме (12-17).
Македонскиот репрезентативец мечот го заврши со еден гол од три обиди.
Веспрем е лидер во унгарскиот шампионат со 24 победи и едно реми.