Гостивар му симна капа на Тасовски: Чест ни беше што ваква кошаркарска големина беше со нас

248

Диме Тасовски мина долг период во македонската кошарка, фати различни периоди од овој спорт. По вчерашната елиминација на Гостивар од трката за титулата, некогашниот репрезентативец на 40 години и официјално стави крај на својата кариера.

23 години беше на терените, освои шампионски титули, Куп на Македонија, беше прогласуван за МВП, го носеше дресот на Македонија. На кратко кажано има на што да биде горд.

Денеска на својата официјална страница Гостивар го испочитува својот член, му посака среќни пензионерски денови.

Претходно„Ла Стампа“: Ако Роналдо си оди, Јуве тргнува по Гризман
СледноФановите разочарани: Ова се новите дресови на Барса за ЛШ следната сезона!