Кога го вееше македонското знаме: Пред 11 години Пандев стана европски првак со Интер (ВИДЕО)

454

На денешен ден пред точно 11 години, Горан Пандев стана европски првак со Интер, со тогашниот ГРАНДЕ ИНТЕР, кој во таа сезона 2009/2010 ја освои триплетата, а Македонецот беше еден од клучните играчи во ѕвездениот состав на Мурињо.

Вечерта на 22 мај 2010 година на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, со головите на Милито, Интер и Пандев го победија Баерн Минхен со 2:0 во финалето во Лигата на Шампионите.

Нормално, потоа следуваше големата радост на Пандев, со македонското знаме, и неговите соиграчи.

Ете, минаа 11 години а Пандев сеуште игра во страшна форма за Џенова и за својата Македонија.

ПретходноКолапс: Најголемите клубови ќе загубат 8 милијарди евра
СледноРаботнички “раскина“ со Прелчец!