Екипата на Куманово ја оправдата улога на најсериозен кандидат за двојната титула оваа сезона. По Купот на Македонија, ракометарките на овој тим го освоија пехарот во домашниот шампионат.
Кумановки го совладаа Вардар со убедливи 33-22 и ја освоија Супер-лигата. Јована Кипријановска со шест гола беше прв стрелец, по пет погодоци имаа Мила Трајковиќ и Амела Џакмич. На другата страна Ивона Трпевска запиша седум гола.