„Ла Стампа“: Ако Роналдо си оди, Јуве тргнува по Гризман

117

Шпекулациите околу заминувањето на Роналдо од Јувентус растат со секој нов ден. Во Италија веќе почна да се зборува дека Јуве има поставено и име за негов заменик, а станува збор за францускиот репрезентативец од Барселона, Антоан Гризман.

Веста првично се појави во шпанскиот весник „Спорт“, а италијанска „Ла Стампа“ тврди дека има потврда дека оваа идеја е веќе на маса во канцеларијата на првите луѓе на „Старата Дама“. Ж

Доколку „бјанконерите“ не успеат да обезбедат место во Лигата на шампионите, тогаш се очекува Роналдо да си замине по три години поминати во Серија А. Гризман се мачеше во Барселона уште од неговото доаѓање од Атлетико Мадрид, но тој би можел да го одбие Јуве доколку не се квалификува за Лигата на шампионите. Французинот има договор со „Блауграна“ до јуни 2024 година и веројатно ќе почека да види кој ќе биде новиот тренер за следната сезона.

ПретходноЛече го избрка тренерот кој го држеше Николов на клупа
СледноГостивар му симна капа на Тасовски: Чест ни беше што ваква кошаркарска големина беше со нас