Левандовски е број еден, го урна рекордот на Милер, Келн се спаси од испаѓање ќе игра бараж (ВИДЕО)

1116

Се одигра последното коло од овогодинешниот шампионат во Бундес лигата, а секако тема на денот е победата на Баерн Минхен на домашен терен против Аугзбург од 5:2, во која Роберт Левандовски со погодок во деведесеттата минута го сруши рекордот на Герт Милер за најмногу голови во една бундеслигашка сезона.

Левандовски го забелжа 41. гол сезонава и со тоа влезе во историјата како најдобар стрелец за една сезона во Германскиот шампионат на сите времиња.

Баерн одамна е првак тоа е јасно, денеска го освои 78. бод сезонава, во Лигата на Шампионите заминуваат, Ред Бул Лајпциг, Борусија Дортмунд и Волфсбург, додека пак во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт, Баерн Леверкузен и Унион Берлин.

Од друга страна пак од лигата испаѓаат Вердер Бремен и Шалке 04 додека пак бараж за опстанок ќе игра екипата на Келн.

РЕЗУЛТАТИ:

Баерн Минхен – Аугзбург 5:2

Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 3:1

Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург 3:1

Келн – Шалке 04 1:0

Хофенхајм – Херта 2:1

Штутгарт – Арминија 0:2

Унион Берлин – Р Б Лајпциг 2:1

Вердер – Борусија Менхенгладбах 2:4

Волфсбург – Маинц 2:3

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПехарот во рацете на Феникс (ФОТО)
СледноСе ожени репрезентативецот Висар Муслиу