Левандовски: Се обидував цел натпревар, но ми успеа на самиот крај (ВИДЕО)

237

Роберт Левандовски сезонава постигна 41. гол во Бундес лигата и со тоа го урна рекордот на Герт Милер кој траеше четириесетина години, а гласеше на 40.

Левандовски денеска со погодок во деведесеттата минута успеа да ја постигне целта и да му донесе конечен триумф на неговиот Баерн против Аугзбург од 5:2.

„Немам зборови. Цел меч се обидував да постигнам гол, апсолутно правев се, а успеав дури во последните моменти. Пресреќен сум. Не бев лут во текот на мечот, туку се чудев зошто не ми оди. Сепак, благодарение на тимот, ја постигнав целта. Рекордот колку е мој толку е и на екипата. Видов дека Лирој ќе шутира, и само ја наместив главата како што треба. Сакав и порано да постигнам гол, но знаев дека шансата кога тогаш ќе ја искористам“ – изјави Левандовски по мечот.

 

 

ПретходноНавивачите на Баерн го „тролаат“ Алаба… Ќе играш со Винициус во Реал па подобро дојди со мене на скеле (ВИДЕО)
СледноМанчестер Сити и капитенот се договориле за нова соработка