Легендите на Ц.Звезда во Охрид, Ѓуровски со коментар: Не може гигант како Вардар да испадне во Втора лига!

2117

 

По повод стогодишнината од ФК Охрид, деновиве во нашиот туристички бисер на гости е делегацијата на некогашните легендарни фудбалери на Ц. Звезда од Белград. Тие прекрасно си поминуваат покрај брегот на Охридско езеро, се дружат со фудбалските фанови, се фотографираат, и се разбира, има што да кажат на фудбалски теми.

Во Охрид се Караси, Боровница, Шестиќ, Милосављевиќ, нашиот Бошко Ѓуровски, кој за МИА го кажа и следното.

“Овие средби многу значат за фудбалерите, убаво е кога повторно си меѓу граѓаните кои некогаш навивале за тебе. Ветеранската секција на Ц. Звезда е доста активна и ангажирана, како во промоција на фудбалот генерално, но и како начин на зближување на луѓето, одржување на пријателските односи стекнати од минатото“ посочи за МИА нашиот некогашен селектор.

Инаку Ѓуровски покрај другото искоментира и за судбината на нашиот најтрофеен клуб, за Вардар, кој се најде во Втората лига,  позитивно се произнесе и за евентуално формирање на Балканската лига.

“Видете, не може еден клуб, еден гигант како Вардар да испадне во втора лига. Тука треба градот и државата да застанат зад такви клубови кои сами по себе се бренд. Што се однесува до Балканската лига, за разлика од некои други коментари во негативна конотација, јас сум за. Сметам дека здрава конкуренција ќе го подобри фудбалот на овие простори, таква лига ни е потребна на сите“ заврши Бошко Ѓуровски.

ФОТО: МИА

ПретходноКуманово убедливо до титулата
СледноСуарез во солзи: Атлетико ми ги отвори вратите, вечно ќе им бидам благодарем