Леклер прв ќе стартува во Монте Карло

215

Возачот на Ферари Шарл Леклер е победник на денешните квалификации за големата награда на Монте Карло во рамките од Формула 1 шампионатот и утре ќе стартува од пол позицијата на најпрестижната трка во сезоната.

Тој постигна резултат од 1:10:346 времетраење на еден круг, но не мина се во најдобар ред затоа што во последниот круг, се заби во заштитната ограда и го оштети сериозно болидтот.

Второто место му припадна на Макс Ферстапен, додека трет е Валтери Ботас. Луис Хамилтон потфрли денеска и заврши седми.ГП на Монако ќе се вози утре со почеток во 15 часот.

ПретходноБрентфорд е првиот финалист во Чемпионшип плеј – офот (ВИДЕО)
СледноКуманово добива нов модерен стадион