Македонската репрезентација во Самбо замина на ЕП на Кипар

123

Од 24 до 30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во самбо (комбат, спорт и жени) за јуниори и сениори.

Нашата селекција ке учествува со 5 натпреварувачи. Во сениорска конкуренција ќе учествуват Бобан Данов во спорт самбо во категорија +98 кг. и Маја Бобан во категорија 72 кг. Тренер на екипата ќе биде Ердал Факиќ.

Во јуниорска конкуренција ќе не преставуваат Омар Факиќ во категорија +87 кг,  Бернард Реџиќ во категорија 78 кг. и Алберт Реџиќ во категорија 72 кг. Тренер на екипата е Славчо Тодоров.

Истот така во рамките на првенството ќе се одржи и меѓународен семинар за судии на кој ќе учествува Славчо Тодоров, кој ќе полага за меѓународен судија.

ПретходноМеси: Понекогаш е тешко да си Меси!
СледноБаскет Кам успеа да израмни на 1-1 во женското финале