Меси: Понекогаш е тешко да си Меси!

212

Лео Меси по повод 25 години од Аргетинскиот весник “Оле“ даде големо интервју во кое тој се навраќа на разни теми од својот живот, се разбира говори и за фудбалот.

Тој нема да игра за Барселона на последниот меч во Ла Лига против Еибар.

“Дали е тешко да си јас, да си Меси? Да, понекогаш е тешко да си Меси и дефинитивно. Понекогаш сакам да со нормален човек како и сите останати. Сакам да одам во шопинг, или на било кое друго место. А тоа за мене претставува напор. Не дека сите ме препознаваат и сакаат да се фотографираат  туку затоа што понекогаш токму тој може да не се осеќам добро. Сакам само да бидам во мир и тишина и никого да не видам. Јасно ми е зошто луѓето сакаат автограм или селфи, но понекогаш не сум расположен и тоа ми се случува често. Сепак, со тоа морам да се носам, немам право да се жалам“, вели најдобриот фудбалер во светот.

Тој открива дека е колекционер на дресови и дека жали што нема дресови од бразилскиот Роналдо и Роберто Карлос. Дека сака да биде постојано со своето семејство, дека ужива во нивното друштво, децата често ги носел на тренинзи.

ПретходноБутел добро го намачи Вардар, шампионот го реши мечот во последните пет минути
СледноМакедонската репрезентација во Самбо замина на ЕП на Кипар