Металург расчисти уште еден должник од својата листа. Овој пат на домашен терен без проблем го совлада Охрид со 28-24 во рамките на 11. коло во плеј-офот, и уште еднаш порача дека местото во мак-ракометот им е во горните дел од на табелата.
Ова беше меч во кој тимот од Автокоманда го контролираше и беше поинаков од оној во Охрид. Избраниците на Иван Марковски фатија ритам по лошиот старт во плеј-офот, сега се на бод за Т.Пролет, кој се наоѓа на третото место, на контото има 18 бодови и меч помалку.
Василије Калуѓеровиќ со седум гола беше прв стрелец, Златко Хорват беше пет погодоци. Тот и Николов запишаа по четири гола кај гостите.
Највисоката предност која Металург ја имаше во првото полувреме беше пет гола 12-7, на одморот замина со плус четири (15-11).
Охриѓани влегоа силно во втроиот дел, дојдоа на 15-14, но тука застанаа. Домашниот тим со серија од 6-1 поведе со највисоки 21-15 во 43. минута. Четири минути подоцна беше и 23-16.
Металург не дозволи пресврт, искусно го приведе мечот за петта победа во плеј-офот и нови три бода.