Милосављев и Фуксе Берлин среде Манхајм заверија финале

189

Магдебург и Фуксе Берлин ќе се борат за трофејот во Европската лига, откако двата тима денеска славеа во полуфиналните пресметки.

Тимот од Берлин беше подобар од Рајн Некар со 32-35 и тоа среде Манхајм. На голот беше одличен некогашниот вардарец, Дејан Милосављев кој запиша десет одбрани, прв стрелец беше Андерсон со 11 гола. На другата страна Толбрунг имаше седум гола.

Фуксе Берлин беше подобар и по првото полувреме, имаше позитива од три гола (16-19), која се покажа како доволна за сигурно чекорење кон финалето.

Претходно Магдебург беше подобар од Висла со 30-39.

ПретходноПандев одигра 57. минути, Џенова со победа ја заврши сезоната (видео)
СледноЗидан: Мојата иднина во Реал? Во наредните денови ќе разговараме за тоа